Екипата на МЗТ Скопје остана без Дастин Вер кој го раскина договорот поради неисплатени плати.
Американецот кој бележеше по 16.7 поени и 6.9 асистенции во АБА 2 лигата, го искористи „вакумот“ во редовите на македонскиот првак кој има промена на раководството, па одлучи да си замине.
Веќе неколку недели трае процедурата кај тимот од Аеродром за смена на челните луѓе, а плата имаат добиено домашните и неколку странски играчи.