ФИФА воведе нови правила кои што нема да им се допаднат на големите клубови

Светската фудбалска федерација воведе нови правила поврзани со позајмување на фудбалерите, а тоа нема да им се допадне на големите клубови.

Од први јули оваа година до наредното лето, клубовите ќе можат да имаат максимум осум позајмени фудбалери, а таа бројка во наредните години ќе биде намалена на шест. Исклучок ќе бидат фудбалерите под 21 година како и играчите кои што потекнуваат од клубот, но тоа и нема да биде баш од голема помош.

Аталанта има дури 62 позајмени фудбалери, а голем дел од нив не ги исполнуваат овие услови, а голем број на позајмени играчи имаат и Реал Мадрид, Челзи, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и ред други големи фудбалски гиганти.

- Оглас -

Најнови вести