Аманда Анисимова придеди големо изненадување откако предмалку ја совлада актуелната шампионка на Отвореното првенство на Австралија, Наоми Осака со 2:1 во сетови.
Младата, 20-годишна тенисерка од САД игра во фантастична форма и дојде до осмата победа за оваа година.
Во третото коло од ОП на Австралија, тенисерката од САД тргна со негатива по првиот сет од 4:6, но тоа не ја исфрли од ритам, па возврати со 6:3 и се избори за трет, одлучувачки сет.
Таму, по голема борба, во тај-брејкот победи со 10:5 во поени, и си закажа пласман во осмина-финалето каде што ќе игра со првата носителка, Ешли Барти од Австралија.