Дембеле е интересен за премиерлигашот кој ќе понуди само 15 милиони евра на Барселона

Осман Дембеле е на излезни врати од Барселона откако клубот одлучи да не ги продолжи преговорите за нов договор.

Агентот на напаѓачот на Каталонците до управата поставил нереални барања, а како што минуваше времето и по преговорите тие не беа намалени, па затоа тимот нема друга опција да го продаде.

Челзи е првиот заинтересиран тим за ангажман на Дембеле и достави понуда од само 15 милиони евра за Барселона која може да биде прифатена, иако шпанскиот великан плати дури 180 милиони евра.

Сепак, неговиот актуелен договор истекува ова лете, па Барса ризикува да не земе ниту едно евро, па затоа прифаќањето на понудата од Челзи изгледа реална.

Дембеле за Барса од 2017 година одигра 87 натпревари и постигна само 18 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести