Едриен Моерман е вистинскиот јунак на Анадолу Ефес и тој ја реши турско-грчката драма против Панатинаикос со тројка во последната секунда за победа на домаќинте во Истанбул со 82:81.
Актуелниот европски првак Ефес беше пред пораз, но Моерман не мислеше така и го победи звукот на сирената со удар од далечина.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1484608339522826240?s=20
Мечот го заврши со 15 поени, како втор стрелец во тимот на Анадолу Ефес, зад Василие Мициќ, кој уфрли 20 поени.
Немања Недовиќ кај Панатинаикос имаше ист учинок, а за гостите добар меч одигра и Мекон со 17 поени.
Претходно, Армани Милано ја победи ЦСКА во меч од Евролигата со 67:57 на гостински терен.