Бразилската фудбалска федерација донесе одлука дека во националниот тим, како и сите четири професионални фудбалски лиги да смеат да играат само фудбалери вакцинирани против Ковид-19.
Ваквата одлука беше потврдена на седницата која што се одржа изминатово деноноќие.
Како што е добро познато, пред неколку седмици, селекторот на Кариоките, Тите го избрка Ренан Лоди од националиот тим поради тоа што сè уште ја нема примено вакцината против Ковид-19.
Добра вест за тие што настапуваат во бразилските лиги е дека доколку не се согласуваат со оваа одлука имаат време да си пронајдат нов клуб или пак да се вакцинираат во претстојниот период бидејќи новата сезона започнува во средината на април.