Драматичен меч што заврши нерешено, 29:29 одиграа Полска и Русија во четвртото коло од втората фаза на Европското првенство, а завршницата беше фантастична.
Полјаците погодија на три секунди до крајот со голот на Дашек за предност од 29:28 и веќе почнаа да се радуваат на првата победа во втората фаза, но следеше вистински шок.
Русите веднаш изведоа напад и Косоров беше прецизен речиси од центарот на игралиштето за нерешен резултат, 29:29.
https://twitter.com/EHFEURO/status/1485289699845550083?s=20
Драмата со реми не им донесе бенефит на двете селекции. Полска нема никакви шанси за пласман во полуфиналето, а и Русија сега е далеку од подвиг и настап во битката за медали.