Уште што лошо може да им се случи? Немаат голман, а капитенот им е исклучен во седмата минута

Репрезентацијата на Коморски Острови е на огромни маки на осминафиналниот натпревар против домашниот Камерун од Африканскиот куп на нациите.

Коморите се без вистински голман (еден голман им е повреден, другите двајца се позитивни на корона-вирус), па мрежата ја чува левиот бек, а само по седум минути игра, останаа и без капитенот Абду, кој доби црвен картон.

За Камерунците ова е одлична прилика да се најдат во четвртфиналето, во кое би се судриле со Гамбија, но Коморите се тимот кој ги освои срцата на неутралните фанови низ светот.

- Оглас -

Најнови вести