Клубови ќе стојат во ред за да успеат да го доведат Мурињо

Жозе Мурињо на неславен начин си замина од Манчестер јунајтед, а многумина сметаат дека тоа е крај на неговата тренерска кариера. Сепак, тоа не го мисли Стив Кларк, кој беше помошник-тренер на Португалецот во 2005 и 2006 година во Челзи.

„Сигурен сум дека нема да недостасуваат понуди. Жозе ќе ги разгледа и на крајот ќе ја одбере најдобрата за него. Очекувам во многу брзо време големи клубови во Европа да почнат да му нудат работа. Тој е роден победник“, вели Кларк, кој со Мурињо се радуваше на титулите во Премиер лигата во 2005 и 2006 година.

Манчестер сезонава игра очајно и е на шестото место на табелата со 19 бода помалку од лидерот Ливерпул. Сепак, Кларк потенцира дека откако дојде на „Олд Трафорд“, Мурињо освои повеќе трофеи од Ливерпул и Тотенхем.

„Мурињо со Манчестер освои три титули, и тоа во Комјунити шилд, Лигата на Европа и Лига купот. Тоа се три титули повеќе од Ливерпул, а исто толку повеќе и од Тотенхем. Дали е тоа успех или неуспех? Не сум баш сигурен. Минатата сезона заврши на второто место во Премиер лигата“, додаде Кларк во дел од своите аргументи дека Мурињо е квалитетен тренер.

 

- Оглас -

Најнови вести