Основната понуда од 13 натпревари во новото, 21-во коло на Спортска прогноза е нестандардна, нуди мечеви кои не се од Топ-5 лигите во Европа, но затоа прогнозерите кои досега типуваа, веќе имаат девет свои фаворити.
Дури на девет меча, еден тим е фаворит за 70 или повеќе проценти од играчите, а само кај четири пара мислењата се поделени.
Меѓу големите фаворити се Камерун против Гамбија и Тунис против Буркина Фасо од Африканскиот куп на нациите, како и САД против Канада во квалификацискиот меч за Мундијалот во Катар.
Прогнозерите можат да ги подготвуваат своите стратегии и да типуваат до сабота во 16 часот, кога почнува првиот меч. Со погодени 13 пара, се добива „ајфон 12“, додека за 12-ка или 11-ка предвидени се вредносни ваучери од Sport Life од 1.000, односно 500 денари.