Данил Медведев и Феликс Ожер Алијасим во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралијан приредија тениски спектакл во кој вистинска штета е што мораше да има еден поразен.
Канаѓанецот водеше со 2-0 во сетови, во третиот сет во тај-брејкот имаше пауза поради затворање на покривот и тоа добро му дојде на Русинот. Во четвртиот сет, Ожер имаше и меч-топка, но ја испушти победата иако не му се предаде лесно на првиот носител. Во петтиот сет, по повеќе од четири и пол часа игра, двајцата летаа по теренот како мечот тогаш да почнува, Алијасим имаше бреј-топки, но не ги користеше.
И лани на Отвореното првенство на Австралија, Ожер Алијасим беше елиминиран од Русин (Карацев) во меч на кој исто така Канаѓанецот водеше со 2-0 во сетови. Но, Ожер Алијасим лани двапати беше во позиција да игра петти сет по водство од 2-0, па победуваше.
Медведев од 0-2 до 3-2 досега имаше направено пресврт само лани во третото коло на Вимблдон против Марин Чилиќ. Медо оди по својата втора гренслем-титула по ред и прво место на АТП-листата.
Во полуфиналето, Медведев ќе игра против Стефанос Циципас, додека другата полуфинална двојка е Рафаел Надал – Матео Беретини.