Во викенд кога има голем број репрезентативни дуели ширум светот, следува кратка пауза во најсилните првенства во Европа. Во една таква ситуација, понудата од 13 меча на Спортска прогноза е составена од мечеви во помалку атрактивни првенства. Токму во вакви викенди може да се одвојат вистинските мајстори кои ги следат и помалку атрактивните шампионати.
Разновидна е понудата. Има мечеви од Англија, од Шкотска, Унгарија, Швајцарија, Грција, шпанска втора лига, но и репрезентативни дуели од Африканскиот куп на нациите и квалификациите за СП во Северна и Средна Америка.
Мечевите секое коло се различни, но предизвикот е ист. За да се стигне до главната премија, а тоа е мобилен телефон „ајфон 12“, потребно е да се погодат сите 13 понудени парови, односно да се освои Среќна 13-ка.
Подароци, и тоа во облик на вредносни ваучери од Sport Life од по 1.000 и 500 денари има и за оние со 12 и 11 погодоци.
Спортска прогноза е бесплатна игра во која нема што да загубите, а може да добиете вредни подароци. Единствен услов за учество е да имате СЛ картичка од Sport Life, која исто така може да ја извадите бесплатно.