Актуелниот европски првак Анадолу Ефес доживеа уште еден пораз во Евролигата што ќе му го загрози и учеството во плејофот за титулата.
Руски Зенит од Санкт Петербург денеска беше подобар ривал и победи со 76:67, со што се проби на четвртото место на нешто повеќе од половина натпреварување во регуларниот дел на најсилната европска лига.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1486753133413863424?s=20
Алекс Појтрес одигра одличен меч и со 21 поен беше и најефикасен кај Зенит, но и на мечот.
Американецот промаши само двапати од 11 обиди од поле и беше лидер во новата 13-та победа на Зенит, екипа која има и 7 порази.
Ефес е со биланс 10-11 на делба на осмата позиција со Монако и Баерн и тоа е последното место што води во плејофот.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1486755115562258435?s=20
Василие Мициќ со 18 поени беше прв стрелец кај гостите, коиимаат многу послаба сезона од ланската кога станаа европски прваци.