Македонската ракометна машка репрезентација, немаше многу среќа во ждрепката за првиот бараж за Светското првенство 2023 година. Противник на избраниците на Кирил Лазаров ќе биде опасната Романија.
Првиот меч ќе се игра во Македонија на 16-ти или 17-ти март, а реваншот е три дена подоцна во Романија.
Останатите двојки за првата рунда баражи се: Украина – Финска, Италија – Словенија, Португалија – Швајцарија, Австрија – Естонија, Грција – БиХ, Израел – Литванија, Словачка – Белгија, Фарски острови – Белорусија.