Се пензионира една од најголемите спортски легенди на сите времиња – Том Брејди ја заврши НФЛ кариерата

Легендарниот квотербек во НФЛ лигата, Том Брејди објави дека ја завршува неверојатната одисеа во американскиот фудбал што траеше цели 22 години и му донесе дури 7 титули.

Брејди има 44 години и уште една година од договорот со Тампа беј бјукенерс, но одлучи да се прости од активното играње во една од најсилните лиги на светот.

Том Освои шест шампионски круни со Њу Ингланд патриотс, а лани беше првак со Тампа беј.

Дури петпати беше прогласен за најкорисен играч на Супербоул натпреварите, има уште многу индивидуални признанија и е рангиран како еден од најдобрите на сите времиња во НФЛ, ако не и најдобар.

Последниот меч на Брејди беше во плејофот оваа сезона и поразот од Лос Анџелес ремс со 30:27.

Играше на 10 Супербола и е еден од ретките што има титули во три различни декади.

 

- Оглас -

Најнови вести