Голманите може да го одредат европскиот шампион во ракомет

Шведска и Шпанија вечерва од 18 часот во Будимпешта ќе се борат за европска титула во ракомет за мажи, а кој и да победи, ќе испише историја. Шпанија оди по третата титула едноподруго, а Шведска сака да се врати на тронот после пауза од 20 години, и би станале прва земја со пет континентални титули.

Ова трето финале помеѓу Шведска и Шпанија. Во 1998 славеа Викинзите, во 2018 година подобра беше Црвената фурија. Овие два тима веќе се сретнаа меѓусебе во прелиминарната фаза, Шпанија беше подобра со 32-28. Шведска 13 години чека победа против Шпанците.

Некои аналитичари сметаат дека голманите може да бидат клучот. Андреас Паличка беше феноменален во полуфиналето против Франција, а лошо ќе биде за Шведска ако на другата страна се разбранат Перес Де Варгас или Коралес.

Ваков голмански тандем би посакал секој селектор. Тие се пријатели, не се гледаат меѓусебе како ривали, нема љубомора, и тоа е голем плус за тимот.

Швеѓанецот Паличка за себе вели дека е 30 проценти голман, а 70 проценти емоција. Овој 35-годишен голман постави рекорд во полуфиналето, кога даде дури три гола, и иако тоа не му е работа, освен со одбрани, придонесе и во нападот.

Џим Готфридсон е првата ѕвезда на Шведска, од него се очекува да биде лидерот кој ќе ја врати репрезентацијата на врвот на Европа, на една година пред Светското првенство чија завршица ќе биде токму во Шведска.

- Оглас -

Најнови вести