Чудо во Гармиш Партенкирхен, две скијачки победија со исто време

Последниот супервелеслалом пред настапот на Зимските олимписки игри во Пекинг, донесе лудесен расплет во битката за првото место и две скијачки имаа исто време за победа во легендарниот ски-центар Гармиш Партенкирхен.

Федерика Брињоне од Италија беше една од фаворитките и ја мина патеката со време од 1:18,19 минути, а по неа со идентично време целта ја мина и Австријката Корнелија Хојтер.

Двете одлични скијачки беа заедно на врвот на пиедесталот, а третото место и припадна на Тамар Типлер од Австрија.

Од 4. до 20. февруари ќе се одржат Зимските олимписки игри во Пекинг.

- Оглас -

Најнови вести