Го имаме херојот на зимскиот преоден рок во Европа!

Кристијан Ериксен утрово и официјално е преставен како нов играч на англискиот премиерлигаш Брентфорд. Данскиот репрезентативец само пред седум месеци имаше срцев удар на фудбалскиот терен. На 12 јуни минатата година, играјќи за Данска на Европското првенство против Финска, Ериксен изненадно падна на теренот.

Лекарите веднаш реагираа и благодарение на нивната умешна помош, успеаја да му го спасат животот на фудбалерот кој имаше срцев удар. Неколку недели Ериксен помина во болница, а тогашните први прогнози беа дека е можно никогаш повеќе да не игра фудбал.

На Ериксен му веше вграден дефибрилатор за срцето да може подобро да работи, но тоа беше знак дека нема да може да продолжи да настапува за Интер, со кого имаше договор. Во Италија е забрането играње на фудбалери со вграден дефибрилатор, па Ериксен мораше да го раскине договорот и да бара нов клуб.

Седум месеци откако го преживеа срцевиот удар, Ериксен денеска е промовиран како нов фудбалер на Брентфорд. Тоа значи дека Данецот повторно се враќа во Премиер лигата, каде што настапуваше седум години во дресот на Тотенхем.

Се работи за шестмесечен договор со опција за продолжување на соработката до јуни 2023 година. Од Брентфорд му подготвуваа специјално едноминутно видео на нивниот нов играч.

https://twitter.com/i/status/1488059481707659264

 

- Оглас -

Најнови вести