Омилената игра „до 50 шанси за 100.000 денари“ повторно активна во Sport Life

Најдобрата обложувалница во Македонија, Sport Life, повторно изненадува со акциска игра. Добро познатата „до 50 шанси за 100.000 денари“ од денеска повторно е активна за сите обложувачи кои уплаќаат со Sport Life картичка.

Правилата се едноставни. Треба да се погодат најголем број мечеви на еден тикет, но тие треба да имаат коефициент што ќе биде минимум 1.30. Акциската понуда ги вклучува само несистемските тикети, односно тикетите со една комбинација, тикетите од понудата за обложување во живо, микс тикетите и тикeтите со натпревари од СУПЕР ТИП уплатени со приложување на СЛ Клуб картичка.

Минималната уплата е 20 денари, а максималната исплата е неверојатни 10 милиони денари. Максимално може да се стават 50 натпревари на тикетот, па затоа е и 50 шанси до 100.000 денари.

Оваа игра ќе биде поделена во четири еднакви неделни етапи, а првата етапа започнува денеска и ќе трае до 6 февруари. Одлични се подароците за најдобрите во секоја етапа.

Најдобриот во секоја етапа ќе си заработи 100.000 денари! За второпласираните во секоја етапа ќе следува месечно обложување со вредносни ваучери од по 100 денари секој ден. Третопласираниот ќе добие месечни вредносни ваучери од по 50 денари за секој ден.

За комплетните правила и услови на оваа добро позната акциска игра на Sport Life може да прочитате ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести