Кај Пандев е најголема гужва во преодниот рок, Џенова купи скоро цел нов тим

Џенова го купи и деветтиот играч во преодниот рок и во тимот за којшто игра Горан Пандев пристигна и Алберт Гудмунсон од АЗ Алкмар за сума од еден милион евра.

Најстариот италијански прволигаш претходно во своите редови ги донесе и Хефти, Остигард, Пиколи, Јебоа, Калафјори, Амири, Френдруп и Васкес, а планот е да се ангажираат уште двајца фудбалери за цел нов комплетен тим.

Раководството на Џенова во овој преоден рок има намера во клубот да ги донесе и Бен Слимане од Брондби и Пјер Кунде од Олимпијакос со цел да се избори опстанок во Серија А.

Џенова по 23 кола во Калчото е претпоследна со 13 бода, па во следните 15 рунди ќе се обиде да прескокне барем две позиции за да продолжи да игра во елитниот ранг на натпревари во Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести