Џумхур контра Надал: Кога го нема Ѓоковиќ, секој може да освои гренслем

Најдобриот босански тенисер Дамир Џумхур на „Инстаграм“ објави нешто што не му се допаѓа на Рафаел Надал и неговите навивачи бидејќи му ја потцени освоената титула на Отвореното првенство на Австралијан.

Додека целиот свет му честита на Надал за успехот со кој Шпанецот стана рекордер по бројот на освоени гренслем-титули, честитки стигнаа и од Федерер и Ѓоковиќ, Џумхур не е воодушевен.

„Секој може да освои гренслем кога го нема Новак. И понатаму најдобар на сите времиња е Џокер“, порача Џумхур, а подоцна ја избриша објавата.

- Оглас -

Најнови вести