Продолжен зимскиот преоден рок во Серија А

Првите луѓе на италијанската Серија А се решија да го продолжат зимскиот преоден рок. Според планираното, преодниот рок треба да трае од први до 18-ти јануари, но сепак клубовите ќе имаат цел месец во кој би можеле да донесат нови играчи. Преодниот рок е продолжен за 13 дена и тој ќе заврши на 31-ви јануари.

Со ваквиот потег на челниците на Серија А, Калчото се вклопи со останатите големи лиги во Европа, каде што има цел месец за доведување квалитетни играчи. Според најавите, во овој преоден рок не се очекува некој спектакуларен трансфер. Кристијано Роналдо летоска дојде во Јувентус, а единствено поспектакуларен трансфер би било доколку Лионел Меси си замине од Барселона за да игра во Серија А, но тоа сигурно нема да се случи во овој преоден рок.

 

- Оглас -

Најнови вести