Кари „експлодира“ и само во последната четвртина даде 21 поен (Видео)

Голден стејт без многу проблеми славеше на гостувањето кај Хјустон со 122:108 во меч на кој Стеф Кари одигра последна четвртина за паметење. Првата ѕвезда на Воините само во последната четвртина успеа да постигне 21 поен, што е негов личен рекорд кога се работи за поени во четвртиот квартал.

На крајот, Кари заврши со 40 поени, 9 асистенции и пет скока, а Воините стигнаа до шестата победа во низа и се зацврстија на второто место во Западната конференција со 38 победи и само 13 порази. Хјустон е најслабиот тим на Западот дури со 36 порази од 50 меча.

Најдраматичниот меч ноќеска го одиграа Филаделфија и Мемфис, а на крајот домаќините се радуваа на триумф од 122:119, и тоа по продолжение, во дуел на два тима кои ги држат третите позиции на Истокот и Западот.

Филаделфија водеше речиси цел меч, но Мемфис успеа да се врати пред крајот и се избори за дополнителни пет минути, но гостите немаа сили за комплетен пресврт.

Резултати: Кливленд – Њу Орлеанс 93:90, Индијана – ЛА клиперс 122:116, Филаделфија – Мемфис 122:119 (по продолжение), Атланта – Торонто 100:106, Бостон – Мајами 122:92, Њујорк – Сакраменто 116:96, Хјустон – Голден стејт 108:122, Оклахома – Портланд 98:81.

- Оглас -

Најнови вести