Словенецот „гази“ во НБА: Дончиќ стана само втор играч по Леброн Џејмс со вакво постигнување

Лука Дончиќ е незадржлив во НБА-лигата. Тинејџерот од Словенија, кој ја игра дебитантската сезона во НБА-лигата, одигра неверојатен меч против Лос Анџелес клиперс. Дончиќ даде рекордни 32 поени во кариерата, но неговиот Далас загуби со 121:125.

Покрај 32-та поена, Лука додаде и четири скока, пет асистенции и четири украдени топки, а за 31 минута на теренот погоди 10/20 за два поени, 3/6 за три и 13 за еден поен. Во историјата на НБА-лигата вакви бројки како тинејџер на еден меч успеал да има само Леброн Џејмс пред 15 години.

За жал на навивачите на Далас, одличната игра на Дончиќ не беше крунисана со победа. Данило Галинари со 32 поени и Лу Вилијамс со 26 поени, беа најефикасни кај победничкиот тим на Клиперс.

Во вториот меч одигран ноќеска во НБА лигата, Мајами со 101:99 го победи Хјустон. Гостите од Тексас имаа шут за победа во последниот напад, но Ерик Гордон промаши за тројка.

 

- Оглас -

Најнови вести