Интер – Милан и Барселона – Атлетико се топ дербијата во новото коло на Спортска прогноза

Вторник 14 часот е терминот кој играчите на Спортска прогноза со нетрпение го очекуваат бидејќи излегуваат новите парови од популарната Среќна тринаесетка, за кои може да се типува до сабота и да се биде кандидат за некоја од неделните премии или повисоко рангирање во генералниот пласман.

Новото, 22-ро коло на Спортска прогноза ги враќа дуелите од Топ 5 лигите во Европа. Фудбалот се враќа во најсилните лиги, и тоа со две големи дербија: Интер – Милан во Италија и Барселона – Атлетико Мадрид во Шпанија.

Вистински предизвик за прогнозерите во трката за „ајфон12“, или ваучери од Sport Life од 1.000 и 500 денари.

Прв меч во понудата е Елче – Алавес, кој се игра в сабота од 14 часот и тоа е крајниот термин до кој може да се остават прогнозите и да се учествува во колото. Следуваат дуелите Мајнц – Хофенхајм, Келн – Фрајбург, Интер – Милан, Фиорентина – Лацио и Монако – Лион.

За во недела остануваат Валенсија – Реал Сосиедад, Троа – Мец, Болоња – Емполи, Сампдорија – Сасуоло, Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен, Барса – Атлетико и Удинезе – Торино.

Тука се и двата резервни пара: Бетис – Вилјареал и Лил – ПСЖ, кои ако ги погодите, ви се бројат во генералниот пласман.

Подгответе стратегија и типувајте, играта е бесплатна.

- Оглас -

Најнови вести