Голден стејт ќе слави во дербито кое ќе биде голем „плус“

8559 Сан Антонио спарс – Голден стејт ворирорс (02:30 часот)

Петорката од вечерашни натпревари ја стартуваме со едно од дербињата во НБА.

Голден стејт со Стеф Кари и Клеј Томпсон гостува кај Сан Антонио спарс, кои предводени од легендарниот Грег Попович, играат променливо сезонава и се на 11-то место во Западот и во моментов значи дека се надвор до плејофот.

Од друга страна, гостите се во одлична форма и се на местото под број два исто така на западот, а вечерашниот натпревар ќе го одиграат без притисок, а токму тогаш се најопасни и најрасположени за три поени.

Предлог тип: 2&>225.5 (3.40)

 

8558 Феникс санс – Бруклин нетс (04:00 часот)

Кевин Дурант и понатаму е повреден за Бруклин и нема да игра на оваа средба, додека Џејмс Харден е под знак прашалник.

Но, и покрај тоа што Феникс е минатогодишен финалист, Бруклин има квалитетна екипа, со и без Харден, а како што е познато, на гостувањата според правилата на тимот смее да игра и Кајри Ирвинг.

Па така, тешко е дека гостите на оваа средба ќе загубат со повеќе од шест поени, а може да се очекува и изненадување, односно и нивна победа.

Предлог тип: 2 со хендикеп, +6.5 (1.94)

 

8556 Чикаго булс – Орландо меџик (02:00 часот)

Домаќините се огромен фаворит против еден од најслабите тимови за оваа сезона во НБА-лигата.

Чикаго е на првото место на Источната конференција, додека Орландо е на последното, па затоа и не треба да чуди огромниот хендикеп за победа за домаќините (-10.5).

Сепак, ние ќе типуваме на победа на домаќините, како и тоа дека ќе видиме под 221 поен на средбата, за што Sport Life нуди квота од 2.50.

Предлог тип: 1&<222.5 (2.55)

 

8554 Милвоки бакс – Вашингтон визардс (01:30 часот)

Милвоки на последниот свој натпревар на домашен терен беше непријатно изненаден од Денвер и загуби убедливо со 36 поени разлика.

Вечерва ќе имаат шанса да се „извадат“ за тој срам пред домашните фанови, а и противникот е далеку послаб.

Вашингтон има пет порази едноподруго, со што падна дури на 12-тото место на Истокот, откако имаа добар старт на почетокот на сезоната и котираа меѓу најдобрите четири екипи.

Предлог тип: 1 хендикеп, -12.5 (1.92)

 

8555 Торонто репторс – Мајами хит (01:30 часот)

Ова според имињата на тимовите, треба да биде еден од најизрамнетите натпревари, но гостите се соочуваат со голем број отсуства.

Џими Батлер, Кајл Лаури, Виктор Оладипо, Маркиф Морис, Пи Џеј Такер се само дел од играчите коишто нема да настапат вечерва.

Секако, најмногу ќе се почувствува отсуството на Батлер, кој е лидер на овој тим, а од друга страна, пак, Торонто нема сериозни проблеми, а домашните фанови очекуваат победа.

Предлог тип: 1 (1.71)

- Оглас -

Најнови вести