Душан Влаховиќ пред неколку дена и официјално стана играч на Јувентус во трансфер вреден повеќе од 80 милиони евра.
Иако најголемиот дел од парите ќе заминат во Фиорентина, којашто успеа некако да се ослободи од неговите услуги и да добие одлично обесштетување бидејќи неговиот договор истекуваше наредната година.
Агентите на Душан ќе заработат 12 милиони евра од реализацијата на овој трансфер, а најмногу од нив ќе заминат кај Италијанецот Давиде Торчија, којшто ќе стане побогат за осум милиони евра.
Најинтересниот момент е што покрај Торчија, во тимот на агенти на Влаховиќ е и Данило Вучиќ, најстариот син на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Данило ќе инкасира околу два милиони евра, сума којашто ќе замине и кај Данило Ристиќ, третиот агент на српскиот фудбалер.