Елена со голем успех игра во Романија, а сега состави убав хуманитарен тикет

Елена Ливриниќ ја игра шестата сезона во една од најсилните ракометни лиги во Европа, а тоа е романската лига.

Од екипата на Металург, во 2016 година потпиша за ЦСУ Данубиус Галати, со што ја почна ракометната авантура во оваа држава.

Во моментов Елена настапува за екичата на ЧСМ Слатина.

„Мислам дека е очигледно, романската лига е во топ 3 лиги во Европа. Фасцинантно е колку се вложува во домашните клубови. Секоја година сè повеќе и повеќе, a јас сум 6 години тука и секоја наредна година лигата е посилна.

Драго ми е што токму тука се остварив како играч. Конкретни планови за иднина немам, сакам да останам во Романија, тука се пронајдов во стилот со игра и со менталитетот. Прво здравје, па за понатаму ќе видиме“, изјави Ливриниќ.

СМЕНАТА НА ГЕНЕРАЦИИТЕ КАЈ МАЖИТЕ Е ЗА ПОФАЛБА, НО ТРЕБА НАПОРНА РАБОТА

Машката репрезентација на Македонија го заврши својот настап како 22-ропласирана на последното Европско првенство, а нашата ракометарка е оптимист, барем кога станува збор за нив.

„Не би требало толку да сме разочарани судејќи по сите коментари. Има смена на генерација, што е за пофалба.

Им се дава предност на млади играчи да бидат на терен рамо до рамо со големи и сериозни светски докажани ѕвезди.

Реалната слика може да ја добиеме во некои од следните натпреварувања, за неколку години да видиме до каде сме. Дотогаш напорна работа и доста залагање на поединците во домашните клубови“.

ЖАЛНО Е ТОА ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ЖЕНСКИОТ КЛУПСКИ РАКОМЕТ ВО МАКЕДОНИЈА

„Секогаш сум била оптимист и пристрасна кога сум давала коментар за женската репрезентација, но овојпат ќе останам воздржана.

Прво, бидејки не сум повеќе дел од неа, а второ, жално е тоа што се случува во нашето домашно првенство.

Женскиот ракомет веќе неколку години не е на посакуваното ниво, сè помалку има луѓе што вложуваат во женските екипи и секоја чест на поединците кои сè уште веруваат во на, и пробуваат од ништо да направат нешто“, разочарано констатира Елена.

ЈУВЕНТУС Ѝ Е ОМИЛЕН ТИМ

Елена открива дека е голем фан на италијанскиот великан Јувентус, иако последниве две години Старата дама игра под очекувањата.

„Јувентус, дефинитивно! Иако последниве две години тахикардии ме маваат од нив, а омилен играч немам конкретно.

Имам одредени спортисти што ми се допаѓаат и што им се восхитувам кога ги гледам, тоа се Златан Ибрахимовиќ, Новак Ѓоковиќ, Леброн Џејмс и Микел Хансен“, додава Ливриниќ.

ИМАЛА ДОБИВКИ НА СПОРТСКА, НО ПОРАДИ ОБВРСКИ НЕ ИГРА

„Порано знаев да напишам некое ливче со дедо ми и за мое чудо имав и добивки. Но, сега веќе не, не ми прерасна во навика, а тоа е, пред сè, поради обврските“, завршува Елена.

- Оглас -

Најнови вести