Домашниот терен ќе биде голема предност за Камерун против Египет

5721 Камерун – Египет (АФКОН, 20:00 часот)

Вториот полуфинален натпревар од Африканскиот куп на нациите се игра вечерва, а ќе се сретнат организаторот на турнирот Камерун и Египет предводен од Мохамед Салах.

Јасно е дека домаќините ќе имаат одлична поддршка од трибините, но и ако се погледне, имаат поквалитетен состав во однос на противникот.

Последниот дуел на овие две репрезентации датира од 2017 година, кога исто така на АФКОН одиграа со резултат од 2:1 за Камерун.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

1362 Атлетик Билбао – Реал Мадрид (Копа дел Реј Шпанија, 21:30 часот)

Репрезентативната пауза заврши, а први од големите екипи коишто ќе се активираат се тие од Шпанија.

Реал игра на секогаш незгодниот „Сан Мамеш“, каде што неретко си заминувал и со наведната глава.

Сепак, во последно време, особено откако Карло Анчелоти седна на клупата, тоа се смени, а во дополнителен прилог за Кралевите оди тоа што кај домаќините ќе фалат неколку фудбалери.

Клупските легенди Икер Мунијаин и Оскар де Маркос се меѓу нив, па Атлетик значително ќе биде ослабен за оваа средба.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.89)

 

5723 Мумбаи сити – Мохун Баган (Суперлига Индија, 15:00 часот)

Натпреварите од Индија во последниве месеци редовно ни носат голем број погодоци, па ништо поразличен нема да биде ниту овој меч.

На последните две одмерувања на силите на овие две екипи, видовме девет погодоци, односно по 4,5 на меч, од кој едниот заврши со 5:1 за Мумбаи како гостин, односно 2:1 за истиот тим кога беше домаќин.

Затоа квотата од 1.74 за ГГ&3+ изгледа предизвикувачка и вреди да се одигра.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.70)

 

2851 Ојпен – Андерлехт (Куп на Белгија, 20:45 часот)

Во белскиот куп се игра полуфиналната фаза, каде што за влез во финалето потребни се два натпревари меѓу екипите.

Великанот Андерлехт гостува кај Ојпен и уште на првата средба ќе се обиде да ги реши сите дилеми околу патникот.

Иако домаќините немаат загубено од Андерлехт на последните два натпревари, во моментов играат во многу лоша форма.

На последните шест натпревари имаат четири порази и само две нерешени средби, додека гостите на последните пет средби имаат две победи, исто толку порази и едно реми.

Предлог тип: 2&3+ (2.11)

 

1550 Фаренсе – Академика (Сегунда лига, Португалија, 21:15 часот)

И двете екипи се меѓу последните во втората по квалитет лига во Португалија, а особено тоа важи за гостите коишто се на последното место.

Академика има само 11 бода и е на 18-тото место, додека Фаренсе е две позици погоре со 17 освоени бодови.

Ќе биде грчевита борба за бодовите бидејќи и на двата тима им се потребни, па затоа во голема мера тие натпревари завршуваат без победник.

Предлог тип: Х (3.50)

- Оглас -

Најнови вести