Барселона и Милан тешко дека викендов ќе се радуваат

Новото 22-ро коло на Спортска прогноза нуди неколку интересни дерби-дуели. Ваквите мечеви секогаш се посебен предизвик да се погодат, но не треба да се заборави дека тука се и останатите дуели кои ја сочинуваат 13-ката за ова коло.

Како и секогаш, главен предизвик за прогнозерите е да се погоди Среќна 13-ка, што може да ви донесе мобилен телефон „ајфон 12“. Со 12 и 11 погодени натпревари ќе станете сопственик на ведносни ваучери од Sport Life од по 1.000 и 500 денари.

Во саботниот дел од понудата, дербито е во Милано. Интер е домаќин на Милан, а досега едвај 13 отсто од прогнозерите очекуваа Росонерите да го победат актуелниот првак. За триумф на Интер се 60 отсто, што јасно покажува дека Нераѕурите се во пол-позиција.

Во недела се игра дерби во Шпанија. Барселона на „Камп ноу“ е домаќин на шампионот Атлетико Мадрид. Само 36 отсто очекуваат триумф на каталонскиот гигант, што е мал процент ако се знае дека дуелот се игра во Барселона.

За да ги видите останатите парови од Спортска прогноза и да прогнозирате, не чекајте, одиграјте ја бесплатната игра на Sport Life!

- Оглас -

Најнови вести