Српскиот претседател Александар Вучиќ беше домаќин на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ. Средбата се одржа во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката.
„Сум имал средби со многу големи државници. Со Путин сум бил многупати, но вакво нешто долго време не сум видел. Дојде некој кој е многу поголем од нас и сакам да му се заблагодарам што е тука. Ова досега никогаш не случило, новинарите да седат наредени во три реда. Тоа покажува што претставувате вие за нашиот народ во Србија. Ја претставувате нашата земја на највисоко ниво. Благодариме за големата борба во Австралија“, беше пораката од претседателот Вучиќ до Ѓоковиќ.
View this post on Instagram
Ѓоковиќ најави дека за седум до 10 дена ќе има прес-конференција на која ќе ги открие сите детали за тоа што се случувало за време на неговиот престој во Австралија.
„Се заблагодарувам на гостопримството. Денеска сакав да се видам со вас како граѓанин на Србија, да ви се заблагодарам на поддршката од сите институции за време на немилите случувања во Австралија. Иако бев во притвор, не се чувствував осамено. Имав поддршка од целото семејство, од пријателите, од целиот српски народ: Добивав пораки од целиот свет и благодарен сум на сите кои застанаа покрај мене. За тоа што се случуваше во Австралија, ќе ве замолам да се стрпите уште 7 до 10 дена, кога ќе ги откријам сите детали“, рече Ѓоковиќ.
На крајот Вучиќ се надоврза и рече: „Нема да ви каже, но ќе ги победи сите на Ролан Гарос, Вимблдон и ОП на САД “.