Може и вака – Го испратија во еден турски клуб, а му го продадоа на друг

Португалскиот репрезентативец Жедсон Карвалјо Фернадес го има најинтересниот трансфер во зимскиот преоден рок и е нов член на Бешикташ, но од 1 јули, а дотогаш Бенфика го испрати на позајмица во уште еден турски клуб, во Ризеспор.

Жедсон е член на Бенфика веќе 13 години, отако во 2009 година пристигна на „Луж“, но како дел од младинската Академија на клубот.

За сениорскиот тим на популарните Орли одигра само 31 меч и потоа двапати беше на позајмица, еднаш во Тотенхем и еднаш во Галатасарај.

И сега 23-годишното крило ќе игра во Турција, налето како позајмен во Ризеспор, а потоа со перманентен договор за актуелниот турски првак Бешикташ.

И што е најинтересно, и со вакви преселби Жедсон успеа да одигра два меча за Португалија, селекција која ѝ е можен ривал на Македонија во завршниот бараж за пласман на Светското првенство во Катар.

Македонија треба да ја елиминира Италија на 24 март во Палермо за да ѝ гостува на Португалија, во случај тие да ја победат Турција на свој терен исто така на 24 март.

Евентуалното бараж-финале би се играло на 29 март во Поругалија, а победникот ќе учествува на СП што ќе се одржи во ноември и декември оваа година.

 

- Оглас -

Најнови вести