Дел Пјеро верува во Влаховиќ: Со него Јувентус полесно ќе дише и ќе доминира во Италија

Легендата на светскиот фудбал, Алесандро дел Пјеро, кој е и една од иконите на Јувентус, верува дека клубот ќе направи голем пресврт со купувањето на Душан Влаховиќ.

Српскиот репрезентативец и најдобар стрелец во Серија А со Чиро Имобиле беше ѕвезда на јануарскиот преоден рок и во најскапиот трансфер за над 80 милиони евра се пресели од Фиорентина во Јувентус.

„Влаховиќ има неверојатен квалитет и е вонсериски напаѓач. За разлика од Морат, умее подолго да задржи топка и е многу борбен. Тоа ќе му даде можност на Јувентус подобро да се трансформира од напад во одбрана, односно полесно да дише. Очекувам да продолжи да дава многу голови, а Јувентус со него да игра многу поофанзивно и да доминира во Италија“, вели Дел Пјеро.

Со доаѓањето на Влаховиќ, Јувентус ќе има одлично трио во нападот со Мората и Дибала, но Дел Пјеро вели дека за таква варијанта со сите тројца во првиот состав треба да се почека.

„Дали Влаховиќ, Мората и Дибала можат да играат заедно? Јас не би ги користел сите тројца во првиот состав. Ќе треба да се почека да се проба и таа варијанта во моментни и на натппревари каде што Јувентус би бил сигурен победник“, додаде Дел Пјеро.

Јувентус потроши најмногу од сите европски екипи во зимскиот преоден рок и доаѓањето на Влаховиќ од Фиорентина, на Закарија од Борусија Менхенгладбах и на Гати од Фросиноне го чини вкупно околу 100 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести