Актуелниот европски првак Челзи на драматичен начин се спаси во ФА Купот против Плимут. На мечот одигран на „Стемфорд бриџ“, Челзи беше голем фаворит против третолигашот, но лондонскиот гигант мораше да пдогра 120 минути за да се израдува на победа.
Плимут кој заостанува дури 48 позиции зад Челзи во моменталниот поредок во англискиот фудбал, водеше со 1:0, а Челзи стигна до 1:1 по 90 минути игра и мораше да се играат продолженија.
Во дополнителните 30 минути Челзи даде гол за 2:1, а Плимут во 118 минута имаше шанса да израмни. Беше досуден пенал за гостите, но голманот на Челзи, Кепа Аризабалага успеа да го одбрани пеналот и на крајот домаќините победија.
https://twitter.com/i/status/1489977917010595840
На крајот од мечот, статистиката покажа дека Челзи имаше дури 41 шутеви кон противничкиот гол, изведе и 20 корнери, но на крајот голманот ги спаси против третолигашка екипа.