Дербито во Бундеслигата ќе донесе изобилство на голови

1808 Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен (Бундеслига Германија, 15:30 часот)

Несвојствено за Германците, дербито на колото се игра во овој ран неделен термин. Сепак, тоа нема да им пречи и на двете екипи уште еднаш да демонстрираат офанзивен фудбал, со многу голови.

На последните пет средби на овие две екипи, паѓаат во просек од точно пет погодоци, но, во тие гол-шоуа беше главен Ерлинг Халанд, кој денеска ќе го нема поради повреда.

Иако е мала веројатноста дека и денеска ќе видиме пет погодоци, сепак и двете екипи ќе демонстрираат уште еднаш офанзивен фудбал, каде што со сигурност ќе се тресе мрежата најмалку четири пати.

Предлог тип: 4+ (1.93)

1705 Ница – Клермон (Лига 1 Франција, 15:00 часот)

Ница во моментов е во најдобра форма во француската најсилна лига. Имаат пет едноподруго победи и се на треттото место со 42 бода, само еден помалку од второпласираниот Олимпик Марсеј.

Веќе е јасно дека ПСЖ ќе биде шампион, додека овие две екипи ќе се борат за второто место кое што носи директен пласман во Лигата на шампионите.

А за да остане во трката за такво нешто, талентираниот состав на Ница денеска ќе треба да го победи Клермон кој е на 15-то место со 21 бод и доаѓа без неколку стандардни првотимци.

Предлог тип: 1&3+ (2.45)

3010 Јувентус – Верона (Серија А Италија, 20:45 часот)

Јувентус игра очајно во досегашниот тек од сезоната, но, од сега па натаму треба да гледаме еден „друг“ тим.

Со доаѓањето на Душан Влаховиќ, Старата дама конечно, доби врвен голгетер кој недостасуваше поради заминувањето на Кристијано Роналдо.

Но, Верона се покажа како незгоден противник на првата средба каде што славеше со 2:1, а Јувентус сега ќе бара одмазда.

Домаќините се на петтото место, односно една позиција надвор од Лигата на шампионите, па затоа победа им е прекупотребна.

Предлог тип: 1-1 (2.45)

5721 Сенегал – Египет (АФКОН, 20:00 часот)

Големото финале на Африка ќе биде во центарот на вниманието на фудбалската јавност.

Мохамед Салах против Садио Мане во борбата за титулата на Афричкиот куп на нации, а и покрај тоа што и двете селекции располагаат со врвни играчи од Ливерпул, еден гол ќе биде одлучувачки на средбата.

Јасно е тоа, бидејќи влогот е голем, додека и генерално целиот овој турнир изобилуваше со мал број на голови.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.70)

1307 Барселона – Атлетико Мадрид (Ла Лига Шпанија, 16:15 часот)

Серијата на дерби натпревари денеска, продолжува и во Шпанија каде што ќе се сретнат екипите на Барселона и Атлетико Мадрид.

И двата тима се далеку од посакуваната форма, а иако за Барселона до некаде тоа се очекуваше поради финансиската криза, Атлетико е тој што мака мачи со победите.

Ги има само две на последните пет средби, од која што таа последната против Валенсија дојде по негатива од 0:2. И од двете екипи се очекува многу, па во голем дел од случаите, баш тогаш сме гледале досадни натпревари, кои што завршувале без победник.

Предлог тип: Х (3.35)

- Оглас -

Најнови вести