Втора победа на Пелистер во АБА 2, фалеше само еден поен за прва стотка

Пелистер успеа да ја забележи и втората победа во дебитантската сезона во АБА 2 лигата и вечерва со 99:83 го надигра тимот на Младост од Земун.

Битолчани одиграа одличен меч и добија три од вкупно четири периоди. Стартот беше перфектен и Пелистер п само 10 минути најави дека ќе победи, а имаше предност од 31:18.

До полувремето разликата порасна на 19 поени разлика, 55:36 за Пелистер.

Младост беше подобар само во третиот период, но недоволно за пресврт што го спречија одличните кошаркари на лидерот во македонското првенство.

Игор Кесар одигра фантастичен меч со 36 поени и 10 скока. Малешевиќ забележа 19 поени, а Хаутон уфрли 16 поени.

Пелистер со биланс од 2 победи и 6 порази е на 12. место во конкуренција на 14 екипи.

 

- Оглас -

Најнови вести