Само прашање на време е кога ќе се официјализира трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.
Французинот со сигурност ќе игра во Мадрид од наредната сезона за годишна плата од 50 милиони евра, додека ПСЖ ќе добие нула евра за овој трансфер.
На Мбапе му истекува договорот, а францускиот тим минатата сезона одби 200 милиони евра за него токму од Реал Мадрид. Сепак, ПСЖ нема да седи со скрстени раце и замената на Мбапе ја пронајде во Барселона.
Наводно, Осман Дембеле е интересен за Парижаните, кои исто така би го добиле бесплатно овој фудбалер бидејќи и нему му истекува договорот со Каталонците.
Јасна е разликата во квалитетот и на моменталната форма и дека ПСЖ ќе изгуби многу со Дембеле, кој покрај тоа што често се повредува, во Барселона лошо влијае на атмосферата во тимот.