Чудо во Германија – Борусија Дортмунд успеа да „украде“ ѕвезда на Баерн Минхен

Баерн Минхен со години наназад ги „тероризира“ ривалите во Германија земајќи им ги најдобрите фудбалери, па затоа вистинско чудо е кога ќе видиме тоа да биде во спротивен правец.

Такво нешто успеа да направи раководството на Борусија Дортмунд, кое успеа да го договори Николас Зуле, еден од најдобрите дефанзивци на Баварците, чиј договор истекува ова лето.

Раководството на првакот на Германија му понуди на репрезентативецот на оваа земја одлични услови, но тој изрази желба да си замине, и тоа во еден од најголемите ривали.

Зуле има 26 години и од 2017 е член на Баерн Минхен. Во тој период има забележано 105 настапи и постигнато пет погодоци.

Баерн од Борусија во последната декада ангажираше голем број фудбалери, од кои најмногу се истакнаа Роберт Левандовски, Марио Геце и Матс Хумелс, а освен Полјакот, другите двајца по неколку години повторно се вратија во Дортмунд. Геце во овие моменти настапува во холандскиот шампионат, во екипата на ПСВ Ајндховен.

- Оглас -

Најнови вести