Пелистер немаше мака против Партизан и тргна со победа во СЕХА-лигата

Екипата на Еурофарм Пелистер оствари победа на првиот меч од новата сезона во СЕХА Газпром лигата.

Македонскиот претставник во премиерата од групата А, славеше на гсотувањето во Белград против Партизан со 25:23. Пелистерци имаа голема предност, но во еден момент се „тресеа“ до победата, со оглед на разликата во квалитетот на двата тима.

Атмосферата во СЦ „Вождовац“ во Белград беше на високо ниво, а за тоа се погрижија, пред сè, Чкембарите, кои допатуваа во огромен број во главниот град на нашиот северен сосед.

Пелистер беше далеку поуверлив во првото полувреме, каде што замина со водство од 13:10, а во последните 10 минути од средбата се влезе со резултат од 20:20.

Сепак, голманот на нашиот тим, Мартон Секељи, стапи на сцена со две одбрани едноподруго, а со головите на Ненад Костески и двата гола на Елмир Граѓан, предноста беше зголемена на 23:20 во 54-тата минута.

До крајот на средбата немаше резултатска неизвесност, а конечниот резултат беше 25:23.

Најефикасен ракометар на средбата беше Матео Мараш од редовите на Еурофарм Пелистер со седум погодоци од осум упатени удари.

 

- Оглас -

Најнови вести