Голден Стејт вориорс дојде до деветтата победа едноподруго во НБА-лигата. Воините славеа во Оклахома сити против Тандер со 110-98, а клучната тројка за гостите ја постигна Клеј Томпсон на малку повеќе од една минута до крајот.
Сепак, тоа што предизвика најголемо внимание беше она што го кажа Томпсон откако ја даде тројката за 104-98. Додека одеше кон клупата на Вориорс, Томпсон кажа: „Ова е моја куќа“. Пеколниот шутер тоа го направи и во 2016 година, кога во финалето на Западот, во шестиот меч му донесе победа на Голден стејт во Оклахома сити.
По синоќешниот меч, Томпсон рече дека не се сеќава дали кажал дека ова е негов дом и дека тој е газда тука бидејќи бил максимално фокусиран.
Феникс санс ја оправда фаворитската улога против Чикаго и сега Сонцата имаат 13 победи на последните 14 меча, а рутинска победа извојува и Јута над Њујорк.
Ова е тројката на Томпсон:
Klay seals the win for the @warriors! pic.twitter.com/im8xIEI00n
— NBA (@NBA) February 8, 2022