Неверојатен погодок падна на натпревар од бразилската Пернамбукано лига. Екипата на Салгеиро го победи Сете де септембро (седми септември) со 4-0, а вториот гол беше вистинска магија, која заслужува да биде кандидат за наградата „Пушкаш“ за најубав гол во годината.
Стрелец на овој неверојатен гол со волеј од 70 метри беше Лусао. Тој е дефанзивец и во финишот на првото полувреме беше да ја расчисти опасноста пред својот гол, ја шутна топка најсилно што може и таа, на изненадување на сите, заврши во противничкиот гол.
Лусао имаше многу среќа, но тоа и не му е важно. Голот го обиколи светот:
How about this from Salgueiro's Campeonato Pernambucano game in Brazil yesterday?
Lucão, take a bow. Patrick Schick, eat yer heart out.pic.twitter.com/R8dgcmYuVK
— Planet Football (@planetfutebol) February 7, 2022