Селекторот Андоновски во националниот тим ја повика ќерката на Денис Родман!

Тринити Родман, 19-годишната ќерка на славниот поранешен кошаркар Денис Родман, стана првата фудбалерка која во клуб од САД добила милионски договор, па брзо потоа доби и повик во репрезентацијата.

Селектор на Американките е Македонецот Влатко Андоновски, кој ја повика Родман во националниот тим за настап на еден куп кој се вика „Таа верува“.

Родман беше дебитант на сезоната во американската лига, игра добро, па беше повикана во репрезентацијата, каде што ќе биде најмлада.

- Оглас -

Најнови вести