Дехари го скина предниот вкрстен лигамент на десното колено и нема да настапи на ЗОИ

Дардан Дехари нема да настапи на Зимската олимпијада во Пекинг откако на денешниот тренинг го скина предниот вкрстен лигамент на десното колено.

Порад тоа, нашиот знаменосец на оваа Олимпијада беше итно опериран и нема да настапи на трките во велеслалом и слалом кои се на програмата на 13 и 16 овој месец.

„На денешниот тренинг во Јанкинг, за време на подготовките за своето прво учество на Зимските олимписки игри ПЕКИНГ 2022, Дардан Дехари незгодно падна, при што тешко го повреди десното колено.

По првите консултации меѓу докторот Љубомир Огњеновиќ, кој е во Пекинг, кинеските доктори и претседателот на Здравствената комисија на МОК, д-р Небојша Настов, станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено и Дардан Дехари итно ќе биде опериран.

Да потсетиме дека Дардан Дехари, кој го носеше македонското знаме на церемонијата на отварањето на Зимските олимписки игри, требаше да настапи на трките во слалом и велеслалом кои се на програмата на Олимписките игри на 13 и 16 февруари.

Да му посакаме на Дардан успешно закрепнување од оваа тешка повреда и што побрзо враќање на скијачките терени“, се вели во соопштението на МОК.

- Оглас -

Најнови вести