Манчестер сити ќе го „прегази“ новакот во Премиер лигата

1006 Манчестер сити – Брентфорд (Премиер лига Англија, 20:45 часот)

Актуелниот првак во Премиер лигата ќе игра на домашен терен против еден од трите тима којшто влегоа во најсилната лига во Англија.

Тимот на Пеп Гвардиола минатото коло одигра само 1:1 против Саутхемптон и ги разбуди надежите на навивачите на Ливерпул дека можна е серија на киксови и враќање на нивниот тим во борбата за титулата.

И такво нешто може да се случи, но во наредните натпревари, бидејќи Брентфорд во моментов игра лошо и е во серија од пет порази во сите натпреварувања.

Предлог тип: 1-1&4+ (2.35)

 

1018 Блекбурн – Нотингам форест (Чемпионшип Англија, 20:45 часот)

Блекбурн игра одлично во досегашниот тек од сезоната во втората англиска лига и со 53 бода е на второто место.

Но, на последните четири средби има два порази и еден нерешен исход, со што си ја закомплицира оваа позиција.

Третопласираниот Борнмут има само еден бод помалку и „дише во врат“, па затоа победа над Нотингам ќе биде добредојдена.

Некогашниот европски првак пак е на осмата позиција со 43 бода и се надева дека ќе обезбеди влез во плејофот.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

2834 Ница – Олимпик Марсеј (четвртфинале, Куп на Франција, 21:15 часот)

Овие две екипи се на самиот врв во француската Лига 1 и имаат одлична сезона зад себе.

Јасно е дека не можат да му парираат на ПСЖ, кој е апсолутен лидер и фаворит за титулата, но Ница и Марсеј ќе се борат за второто и третото место, кое носат директен пласман, односно квалификации за Лигата на шампионите.

Овие две екипи вечерва ќе се соочат во четвртфиналето од Купот на Франција, натпреварување коешто им е во втор план, па поради тоа очекуваме голеада, а воедно и коефициентите за такво нешто се одлични.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.40)

 

6702 Ал-Хилал Ријад – Челзи (Светско клупско првенство, 17:30 часот)

Актуелниот европски шампион го започнува својод поход кон титулата во Светското клупско првенство.

Прв опонент е најдобриот тим од Азија за минатата сезона, кој инвестира големи пари за доведување на фудбалери. До пред само неколку месеци, во овој тим играа Лусијано Вјето, Себастијан Џовинко и Бафетими Гомис, а сега во нападот го имаат довчерашниот играч на Манчестер јунајтед, Одеон Игало.

Челзи не е во одлична форма, но и покрај тоа ќе победи на оваа средба, а Ал-Хилал ќе постигне најмалку еден погодок.

Предлог тип: 2&ГГ (3.00)

 

2851 АЕК – ПАОК (четвртфинале, Куп на Грција, 19:00 часот)

Големото дерби на Солун, како и секогаш, ќе донесе голем број возбудувања, но и мал број на погодоци.

АЕК и ПАОК ја играат возвратната утакмица од четвртфиналето во Купот на Грција, откако резултатот по првата беше 0:0. Ние очекуваме нешто слично и денеска, со оглед на тоа дека никој од тимовите не посакува да изгуби.

На единствениот првенствен натпревар во оваа сезона досега, ПАОК беше домаќин и славеше со 2:0, со што е и повеќе од јасно дека и денеска нема да видиме изобилство на голови.

Предлог тип: 0-2 гола (1.58)

- Оглас -

Најнови вести