Одличен е ВАР-системот, не дозволи Демирок да се извлече со старт со кој се кршат коски (Видео)

Фенербахче загуби на сензационален начин од Кајзериспор и нема да игра во четвртфиналето на Турскиот куп, а на гигантот не му помогна ниту ВАР-системот.

На домашен терен примија гол во последните моменти од судиското продолжение за пораз од 0:1 и елиминација од Турскиот куп.

Фенербахче не ја искористи и предноста од играч повеќе во целото второ полувреме отако Демирок беше исклучен од втор обид во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме.

При резултат 0:0, Демирок направи груб фаул над Озан Туфан, и тоа со старт директно на зглобот на турскиот репрезентативец, а првично доби само жолт картон.

На прв поглед не изгледаше дека стартот е груб, но потоа се виде дека е со директен ѓон во ногата на Туфан, кој, за среќа, мина без сериозна повреда.

Судијата Кардеслер доби сигнал од ВАР-собата да го прегледа моментот од третата минута од продолжението во првото полувреме, а јасно беше дека ќе ја промени одлуката.

Му покажа на Демирок црвен картон, што, сепак, не му помогна на Фенербахче да победи.

Шесткратниот освојувач на Турскиот куп во второто полувреме играше со фудбалер повеќе, а прими гол што го постигна Сивелек во 94-тата минута и го испрати Кајзериспор во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести