Чудна ситуација се случи на мечот од ЕХФ Лигата на Европа во ракомет меѓу Винтертур и Фуксе Берлин, а воодушеви 40-годишната жива легенда, Ханс Линдберг.
Данецот сè уште игра врвен ракомет и постигна 10 гола за германскиот тим, а во второто полувреме и кусо го бранеше голот на Фуксе Берлин.
Дејан Милосавлјев, поранешниот голман на Вардар, беше исклучен на две минути, а гостите поради неколку позитивни играчи и голмани на ковид-19 играа десеткувани.
Во тие моменти немаа резервен чувар на мрежата, па Линдберг застана на голот и веднаш имаше чудесна одбрана.
https://twitter.com/HandballHour/status/1491127263362174976?s=20&t=g8Eeste7CFS9AF_Lgi-KUw
Потоа прими два гола, но мечот го заврши со 10 погодоци и се радуваше на победа од 30:27.