Хабиб кажа дали се чувствува Русин или Дагестанец

Борецот Хабиб Нурмагомедов, постојано низ кариерата се среќава со провокации околу неговото потекло, а откако стана шампион во УФЦ, се засилија прашањата дали е Русин или Дагестанец и дали настапува за Русија или Дагестан. Но, веројатно навикнат на овие работи, тој мирно им одговара на новинарите.

„Јас секогаш ја претставувам Русија. На екранот секогаш е руското знаме. Сите во САД, кои не знаат што се Дагестан или Чеченија, ме нарекуваат Русин. И борците ме нарекуваат Русин. За сите нив, ние сме само една нација, ист народ. Важно е нашиот народ да не се дели, а вие поставувате глупави прашања и сакате да нè поделите“ – вели Хабиб.

Нурмагомедов е роден пред 30 години во селото Силде во областа Дагестан во Русија, а тој уште живее таму, и не е како другите ѕвезди кои имаат многу пари.

- Оглас -

Најнови вести