Милко: Сега да направев трансфер од Ѕвезда во Партизан, веројатно ќе завршев во канал!

Македонската фудбалска легенда Милко Ѓуровски, кој во 1986 година директно премина од Црвена ѕвезда во лутиот ривал Партизан, нешто што многу ретко се случува, вели дека тогаш немал проблем со навивачите бидејќи тензиите не биле толку големи.

„Денеска ако имав 23 години и играв за Ѕвезда, не би ми паднало на памет да заминам во Партизан бидејќи веројатно би завршил во некој канал. Тогаш беше друго, тензиите не беа толку големи. Навивачите на Ѕвезда беа разочарани и ме прашуваа зошто го направив тоа, но не сум имал проблеми, не ми фалеше ни влакно“, раскажува Ѓуровски, кој живее во Словенија.

Ѓуровски вели главна причина за преминот бил стан во Белград.

„Во Ѕвезда бев најслабо платен, веќе имав две мали деца и ми требаше стан. Ми го ветуваа, но не го добив. Партизан ми обезбеди стан и затоа преминав кај нив“, открива помладиот од браќата Ѓуровск,и кои пред 40-тина години играа за Црвена ѕвезда, а подоцна имаа и кратка репрезентативна кариера во дресот на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести