Екипата на Кочаелиспор загуби на свој терен од Болуспор и тоа го „запали алармот“ кај турскиот второлигаш. Болуспор победи со 2:1, што е петти пораз во низа за Кочаелиспор, кој полека оди во зоната за испаѓање.
По 22 кола, Кочаелиспор има само 24 бодови и е на 15-тата позиција, последна која носи опстанок. На вчерашниот тренинг, челниците на клубот се решија помош за спас од испаѓање да побараат во давање курбан.
Бил заклан овен, кој бил доведен пред играчите на тренингот. Верување е дека тоа ќе им помогне да останат во лигата.
Hazırlıklarımız devam ediyor. 💪🏻⚽️
📌 Takımımız, antrenman öncesinde kurban kesti. pic.twitter.com/qZajxzxA1L
— Kocaelispor (@Kocaelispor) February 9, 2022
Ваквиот потег на Кочаелиспор предизвика реакции кај многу луѓе, а грчкиот новинар Харис Ставру беше згрозен од сцената.
„Во 2022 година, во турскиот клуб Кочаелиспор уште веруваат во жртвување овен за среќа. Пропаднавме како луѓе“, беше реакцијата на Ставру.
It’s 2022 and turkish soccer team @Kocaelispor is still sacrificing rams for good luck. We have failed as humans… pic.twitter.com/rDhYHIcFt9
— Harris Stavrou (@harris_stavrou) February 9, 2022