Единствената дама која ја претставува Македонија на Зимските олимписки игри во Пекинг, Ана Цветановска, утрово го имаше својот прв настап. Таа беше дел од крос-кантри трката на 10 километри во Пекинг.
Во конкуренција од 98 натпреварувачки, Цветановска имаше време од 39:57,7 минути, што беше доволно за 95-тото место на крајот. Првото место во оваа трка го освои Норвежанката Тереза Јохауг со време од 28:06,3 минути, пред двете натпреварувачки од Финска, Керту Нисканен и Криста Пармакоски.
За Цветановска ова беше и завршување на настапите на ЗОИ. Таа првично требаше да настапи и на трката 7,5+7,5 км во скијатлон, но поради ситуацијата со корона-вирусот и големиот број пријавени натпреварувачки, нашата претставничка ја немаше на оваа трка.